„Експериментите во образованието продолжуваат. Додека се уште имаме ученици кои немаат услови да ја следат онлајн наставата и се насочени кон скратена наставна програма на националните телевизиски канали, сведочиме нови таканаречени реформи за воведување дигитални учебници кои иницираат дополнителна дискриминација помеѓу најмладите“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мила Царовска или како што ја нарекуваат граѓаните „министерот надлежен за укинување“ мудро се повлекува од јавни расправи, но сепак е упорна во своите намери за укинување на учебниците во основното образование. Без слух за проблемите го игнорира мнозинството. Своите интереси се обидува да ги пласира како неопходна реформа во образовниот процес и покрај бројните реакции на јавноста“, смета таа.