Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал5 Телевизија вели дека
– Овие промени кои што се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ не се новина, веќе повеќе време во изминатиов период ние имаме кадровски решенија и скоро на секоја седница во извршниот комитет ние правиме освежување. Сметам дека тој процес ќе продолжи, најавите за македонска пролет се однесуваат на теренски активности, за она што претстои на локалните избори, а за деталите дополнително ќе соопштиме, истакна Митева.
Митева исто така, ја обвини Владата предводена од СДСМ за четирите лажни датуми кои ги најави како почеток за преговорите.
– Најпрво сакам да истакнам дека искрено жалам што ВМРО-ДПМНЕ ги предвиде настаните кои што ќе се случуваат, односно потенцираше дека можно е да дојде до ваков проблем, согласно договорот за добрососедство со Р. Бугарија. Јас колку што се сеќавам ние во минатото бевме сведоци дека Владата на СДСМ четири датуми ги дефинираше како добиени за почеток на преговори, вели Митева