Митева за поскапувањето на струјата: РКЕ е надвор од реалноста

од Nikola Popovski
165 прегледи

После денешните објави на новите цени едно е јасно: РКЕ е надвор од реалноста и од страдањата на овој народ кој едвај врзува крај со крај. Власта повторно удри по џебот на граѓаните. Најголемиот број од домаќинствата, согласно тарифните блокови 3 и 4 ќе плаќаат и до 138 отсто поскапа струја. Тарифниот модел кој го воведе власта е само маска за новото поскапување кое ќе стапи на сила од 1-ви јули. Зад неразбирлива пресметка за граѓаните се обидуваат да го протнат енормно високото поскапување на цената на електричната енергија, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според Митева, „најголем дел од домаќинствата се наоѓаат во вториот и третиот блок и тие ќе имаат покачување од 10,3%, односно 18,3%“.

-Ваква катастрофална енергетска политика не може да помине неказнето. Ни помалку страшна не е и состојбата кај малите потрошувачи ( институции, дуќанчиња, мали бизниси со помалку од 50 вработени и два милиони евра годишен приход). Зголемувањето на цената ќе предизвика колапс на нивните бизниси. Имено, кај нив со новиот тарифен систем се дефинира т.н. висока тарифа од 13,794 ден/kWh и ниска тарифа од 10,116 ден/kWh, кои се за 4-5 пати повисоки од досегашните. Со ова најголемиот товар од поскапувањето освен домаќинствата од втор, трет и четврт блок, годинава ќе го понесат и малите потрошувачи со оваа неколкукратно зголемена цена, истакна Митева.

Слични содржини