Митовски се фрли по Светиот Крст во светите води на Крива Река

Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога, според верувањето, се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Општина Крива Паланка

Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога, според верувањето, се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците.

По тој повод, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во водите на Крива Река, испраќајќи силна порака на вера, заедништво и почит кон православните обичаи.

Чинот претставува симбол на духовна чистота, обновување и нераскинлива врска меѓу традицијата, локалната самоуправа и народот. Во студените води на Крива Река, градоначалникот Митовски уште еднаш покажа дека вистинските вредности се чуваат и потврдуваат со дела.

Настанот го следеа голем број граѓани и верници, кои со аплауз и поддршка ја споделија празничната радост. Присуството на градоначалникот меѓу народот ја потврди блискоста и довербата што Општината ја гради со своите жители.

По фрлањето на светиот крст, Општина Крива Паланка организираше заедничка празнична прослава.

За присутните беа бесплатно поделени над 4.000 порции пивтија, топли пијалоци и скара на жар, а беше организирана и музичка програма.
Празничниот ден беше збогатен со настапот на Ленче Кукиќ, која со своите изведби внесе радост и автентичен народен дух.

„Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом”, порача градоначалникот Сашко Митовски.

Крива Паланка и годинава го одбележа празникот Водици достоинствено со вера, традиција и заедништво.