Митрески: СДСМ има предлог заклучоци за заштита на јазичните, идентитетски посебности на македонскиот народ

од Берта Китинска

Ние до сите пратенички групи што денеска учествуваат, доставивме наши предлог заклучоци да ги разгледаат и ќе разговараме а потоа врз основ на тие наши предлози ќе ги разгледаме за тоа кои од нив може да бидат ставени како заклучоци на Седницата што ќе се одржи во Собранието, кажа Јован Митрески, координатор на ПГ на СДСМ.

Тој посочи дека не станува збор за промена на европскиот предлог, туку за заклучоци кои Собранието ќе ги донесе за да ја задолжи и обврзе Владата како да се однесува во следниот период.

-Јас денес очекувам одговорност од сите партии и пратенички групи бидејќи станува збор за сериозен процес во државата, бидејќи се работи за иднината на државата и нивните граѓани. Во таа насока ние ќе дадеме наши предлог заклучоци коишто ќе се однесуваат на нашите стратешки определби за членството во ЕУ со исклучување на билатералните -историски и образовни прашања. Ќе дадеме предлози и заклучоци коишто ќе значат безусловно почитување на определбата за посебните историски, јазични и културни посебности на македонскиот народ. Се ова ќе биде денеска на масата пред нас и очекувам дека сите конструктивно ќе делуваме, затоа што станува за сериозен период, кажа пратеникот.

Тој уште еднаш напомена дека Собранието ќе потврди дека билатералните прашања ќе бидат исклучени од рамката.

-И ќе ја задолжиме Владата, затоа што овие заклучоци се обврзувачки за Владата, да се исклучат билатералните прашања од аспект на истојата и образованието, кажа Митрески.

Слични содржини