Мицевски: Блокиравме закон за втора видео-лотарија

од Nikola Popovski
285 прегледи

Активна блокада на Собранието, затоа што оваа Влада не е функционална. Денес преку една практична вежба им покажавме дека она што ќе следува во наредниот период е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го прави. Поднесовме 10 предлог закони за дополнување на дневниот ред на 71. седница, но не се најдоа на денешната седница и тоа не е првпат. Од 120 дена на формирањето на Владата, имаме поднесено 27 закони, а 95% не се најдоа на пленарна седница, вели шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој појасни дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира сѐ она што значи штетен закон во Парламентот“.

-Ние вчера успеавме да блокираме едно штетно барање за преместување на парламентарната процедура. Се работи за Законот за игри на среќа, кој што е блокиран во процедура. Владеачката мнозинство проба да го помине Законот со автентично толкување и да дозволи формирање на нова втора видео-лотарија во државата, односно игри на среќа. Се работи за влог од 10 милиони евра, информира Мицевски во Дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини