Мицевски: Ние си блокираме закони, со кои што апсолутно не се согласуваме

од Nikola Popovski
397 прегледи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците имаат договор за континуирано поднесување на амандмани и блокирање на Собранието.

„Тоа се само шпекулации од нивна страна. АА е посебен политички субјект, кој што си има одредени позиции, цели и барања за остварување во Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ има сосема различни. Ние си блокираме закони, со кои што апсолутно не се сосласуваме“, вели Мицевски за емисијата „10 минути“.

Тој смета единствена алатка која преостанува се амандманите, затоа што со власта нема дијалог.

Слични содржини