Во Кичево имаме можност да демонстрираме обединување за какво ви говорам цело време, да се обединиме Македонци, Албанци, десни и леви, стари и млади околу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Александар Јовановски кој е извонреден човек, хуманист, посветен родител и решение кое ќе донесе резултати во Кичево, рече лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Кичево.
Тој испрати порака до луѓето да не се плашат.
-Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме. Администрацијата нека не се плаши. Сигурни се нивните работни места и на овие избори да излезат на гласање и слободно и независно од какви било притисоци да си ја изразат својата волја позади параванот. Не плашете се затоа што тие кои го велат тоа, треба единствено тие да се плашат, затоа што јас ги гледав во очи и им велев ќе одговарате за сите криминали. Луѓето кои работат за плата не смеат да бидат цел на политички прогон, ниту, пак, ми паѓа на памет да правам некаква одмазда кон недолжни граѓани, рече Мицкоски од Кичево пред насобраните граѓани.