Не може Бугарија да бара од Македонија да вклучат незначително бугарско малцинство во Уставот, а од друга страна македонското малцинство во Бугарија да не биде вклучено во бугарскиот Устав и да нема никакви права, мора да има мерки на реципроцитет, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Канал 5 Телевизија.
Мицкоски изјави дека целиот процес е заглавен, а и Радев денеска потврди поради тоа што Бугарија инсистира декларацијата на бугарскиот Парламент да биде дел од преговарачката која што ќе постои при евентуален почеток на преговори на Македонија со ЕУ, иако спротивно не убедуваше Зоран Заев дека ќе се потпишел протокол во кој што немало да биде содржана рамката на бугарскиот Парламент.
– Денеска Радев тоа го кажува во неговата изјава дека на почетокот на ноември ќе добиеле протокол и доколку тој протокол содејствува со рамката на бугарскиот парламент и да биде тоа вклучено во преговарачката рамка, тогаш тие ќе го поддржеле преговарачкиот процес, вклучувајќи и амандман за вклучување на бугарско малцинство во Македонија, незначително бугарско малцинство во Македонија во рамките на Уставот, изјави Мицкоси.