Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, е згрозен поради обвинението за Мухамед Зекири, а верува во презумција на невиност и остава органите да си ја завршат работата, иако многу пати до сега изразиле сомневање во објективноста на нивната работа.
– Ако е тоа вистина сум згрозен, бидејќи еден Рашковски се замени со друг, но јавноста треба да знае дека тие крадат за некој друг, за тој што ги поставил таму и многу малку останува за нив. За нив останува срамот и за жал сѐ повеќе се разочаруваат и ако некој сѐ уште си го поставува прашањето зошто Македонија се намалува и граѓаните се селат, токму поради овие причини, изјавува Мицковски во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска јавното обвинител донесе наредба за истрага во која осомничени се Мухамед Зеќири и две други лица. Зеќири се гони бидејќи во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.