Мицкоски: Алтернатива нема да биде дел од оваа власт, но сепак изборот е на Гаши

од Nikola Popovski
332 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информира дека е во секојдневна комуникација со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и смета дека партијата нема да биде дел од власта.

-Секојдневно комуницирам со Гаши. Немам дилема, но сепак друго е до неговиот избор. Последно е дека Гаши е во коалиција со Села, која беше формирана во рамките на последните парламентарни избори и локалните сега. Советникот на Гаши во советот на Град Скопје го поддржа новиот претседавач, Трајко Славески. Имаме коректни односи, вели Мицкоски во емисијата „Утрински брифинг“.

Слични содржини