Мицкоски апелира бремените жени да се ослободат од работа

од Берта Китинска
329 прегледи

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик. Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки.Да спасиме живот! напиша Мицкоски.

Мицкоски вчера апелираше поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од ковид-19, хронично болните да се ослободат од работа.

Слични содржини