213
Уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е ФРОДЕМ, соопшти денеска Христијан Мицкоски.
Мицкоски ги повика лидерите на релевантните политички партии да организираат лидерска стредба на која ќе се разговара за сите битни прашања како за проблемот со Бугарија, пописот, економијата, образованието.
Тој изајви дека лидерската треба да биде свикана од претседателите на партиите, а не од шефот на државата.
-Освен за Бугарија, лидерски средби треба да биде и за попис, платформата за образованието, лошата економска состојба односно прашања кои се однесуваат на иднината на граѓаните, изјави Мицкоски.