„Ние сме народна партија и местото ни е пред граѓаните, на плоштадите и улиците и тука е вистинското место каде што ќе ги презентираме нашите политики – Македонија за сите луѓе“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред одржувањето на партиската трибина на плоштадот во Автокоманда.
Во однос на кандидатите за локалните избори, тој изјави дека 25 имиња веќе биле испрофилирани на ИК партијата и очекуваат квалитетна програма.
„До крајот на месец јули очекувам 45 имиња да го поминат филтерот на партијата и да бидат потврдени од ЦК, за конечни кандидати за градоначалници. Едно од тие имиња е веќе објавено, а станува збор за пратеникот д-р Кирил Пецаков, кој што ќе кандидат за градоначалник на општина Охрид“, информира Мицкоски.