Мицкоски: Да изгласаме меморандум со кој ќе ги поставиме нашите црвени линии

од Берта Китинска
157 прегледи

„Побарав на лидерска средба кај Пендаровски да изгласаме контра меморандум, да не се преговара за идентитетот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Студио 10 на ТВ24.

„Во март предупредивме дека меморандумот не бил шега, туку инсистирале тој меморандум да е дел од преговарачка рамка. Заев и Пендаровски ме убедуваа дека тоа е предизборен маркетинг од Бугарија. Кока велевме дека се преговара за се ова, Заев јавно призна дека преговараат за придавката македонски. Доколку не се преговараше навистина, досега ќе имавме контра меморандум зад кој ќе застаневме сите политички партии. Гледам дека сега има политички севдах повикувам сите да отидеме во Парламент и да изгласаме меморандум и да кажеме кои се нашите црвени линии. Политиките на Заев се предавнички, јас ги оценувам така и за тоа имам факти. Тие се спротивни на интересите на нашиот народ“, вели Мицкоски.