Што значи Гоце Делчев за нас, што е неговата борба и што она кое ние денес треба да го зачуваме и да се залагаме. Тоа е прилично сложена задача, не е едноставно. На Гоце Делчев би му било важно да види што денес се случува со таа негова Македонија, сигурно не би му било лесно. Но, ние мораме да имаме поинаков и поиновативен пристап на сегашноста, кон минатото и да гледаме кон иднината. Политичари без визија не може да се занимаваат со политика. Некои работи кои изгледаат сега чудно, за некое време ќе значат многу за Македонија и граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот историски час во по повод 119 години од смртта на Апостолот Гоце Делчев во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е тој кој што треба да биде креатор на тие политики и нашата задача е да ја градиме Македонија, заедно со градоначалниците и сите заедно наскоро кога ќе ја водиме владата на Македонија и како што рече бидејќи патриотизмот не е патентиран, туку или го имаш или го немаш, сите ние треба да имаме Делчев во себе за да ја направиме подобра Македонија.
– Затоа треба секој еден во себе да се чувствува помалку или повеќе дека е Делчев. Дали имате големи соништа и амбиции или мали. Сите треба да имаме големи амбиции имајќи ги предвид предизвиците кои не очекуваат имајќи предвид дека ќе начекаме пустош кога овие ќе заминат. Секој од нас треба да има еден Делчев во себе за да направи нешто за Македонија, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сите ние споделуваме заедничка судбина и треба да ја градиме заеднички Македонија, бидејќи Делчев би бил пресреќен кога би знаел дека Македонија е во најуспешните држави со млади кои ја гледаат иднината дома, со возрасни кои се задоволни од животот во Македонија, но за жал не е така.
– Тука се поставува прашањето дали доволно го имавме Делчев изминативе 30 години во себе, и дали доволно сонувавме како него за да направиме таква Македонија која ќе биде во најуспешните и најубави држави во Европа. Студентите велат што подалеку одовде. И прашање е дали успеавме како држава, но да сме доблесни да знаеме каде грешевме, за да знаеме каде одиме. Тоа треба да го исправиме. И треба многу да сме внимателни и внимателно да ги правиме потезите. Отсега па натаму немаме право на грешка. Процесите ќе зависат исклучиво од нас, од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што СДСМ кај нив никој веќе не гледа иднина, изјави Мицкоски.