Мицкоски дел од протестот: Осудените за „27-ми април“ се чесни граѓани на оваа земја

од Nikola Popovski
711 прегледи

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод протестот за поддршка на осудените за тероризам за настаните од 27-ми април.

Тој како и голем дел од неговите сопартијци е присутен на протестот.

„Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, стои во објавата на социјалните мрежи на лидерот на опозицијата.

Протестот засега е мирен, а граѓаните моментално се наоѓаат пред Собранието.

За настаните во Собранието од 27-ми април, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, е осуден на затворска казна од 18 години, а полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски  добија затворска казна од 15 години.  Оливер Поповски е осуден на 13 години затворска казна, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдуљфета Алими на 7 години, Оливер Радулов на 10 години, Јане Ченто на 15 години, Игор Југ на 12 години, Александар Василевски-Нинџа на 8 години, Никола Митревски-Кољо на 15 години, Младен Додевски на 12 години, Горанче Ангеловски на 12 години, Влатко Трајковски на 15 години и Вилијам Михајловски на 14 години затвор.

Беа обвинети вкупно 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок. 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија. Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ во текот на постапката ја негираа својата вина.

Слични содржини