396
„Јас не знам што зборува министерот Маричиќ, но дијаспората не се попишува, тоа е евиденција. Според Еуростат, се попишува само резидентното население, односно населението што во моментов се наоѓа тука“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Клик плус“.
Според него, во резидентното население спаѓаат и граѓаните на кои 12 месеци наназад живеалиштето им било тука.
„Ако поминале 12 месеци и еден ден, тогаш тие не спаѓаат во резидентно население“, вели Мицкоски.
Тој додава дека тоа е позицијата на неговата партија и апсолутно таков тип на податоци, во кое дијаспората ќе влегува во пописот, нема да ги прифатат.