Мицкоски до Бомгартнер: Македонија не смее да биде заглавена во чекалницата на ЕУ

од Nikola Popovski
271 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес остварил средба со Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција.

-Мицкоски се осврнал на економските предизвици при што укажа загриженост и за енергетската криза чии последици се од неадекватното управување на политиките, а тоа го чувствуваат граѓаните на својот грб.

При средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека актуелната влада нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. А, со тоа се наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од актуелната криза, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додал дека „државата не смее да стане заложник на лошите политики на власта и притоа да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и жртва на спорот со Бугарија создаден во време на владата на Зоран Заев“.

На средбата присуствувал и потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

Слични содржини