Мицкоски до Галовеј: Македонија не се движи напред

од Nikola Popovski
297 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска оствариле средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј, информираат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза со која се соочува државата и граѓаните.

-Претседателот Мицкоски посочил дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее, укажувајќи дека немањето на стратегија, визија и план од страна на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел Македонија да се придвижи напред.

Од страна на претседателот Мицкоски биле посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза, а воедно информираше дека поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини