Се што ветивме треба да се исполни, да се засукаат ракавите што побрзо за да се почне со решавање на проблемите на граѓаните од сите населени места, општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија има градоначалник, а таму каде што сме коалиција да работиме со градоначалниците од коалицијата. Без оглед што огромен број од општините се презадолжени и во голем дел од нив првичните информации сведочат за злоупотреби на ресурсите, потребен е максимален ангажман од секој градоначалник за да се реализира ветеното. Не смее да има изговор за неуспех , им наложил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоки на новоизбраните градоначалници.
Според него, промените кои ќе ја донесат новата иднина треба да почнат со промени во однесувањето на луѓето кои се одговорни за општините.