Мицкоски до Сарацин: Францускиот предлог е неприфатлив

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево одржал средба со високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин, на која што се дискутирало за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија.

-Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето, објави Мицкоски.

Претходно Сарацин имаше средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, со кого имаше заедничка прес-конференција.

Слични содржини