Мицкоски е задоволен од Арсовска: „Дел од критиките немаше да ги има“

од Nikola Popovski
189 прегледи

Претседателот на најголемата опозициската партија, Христијан Мицкоски е задоволен од тоа што досега го сработила градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

-Јас лично сум сосема задоволен, имајќи ги предвид информациите кои јас ги знам, што за жал не ги знаат доволно граѓаните. Состојбата која беше затекната е навистина алармантна и катастрофална. Тоа е суштината. Дел од критиките кон Арсовска немаше да ги има, бидејќи јавноста не ја знаеше состојбата. Херојски добро е некој да се зафати со таквата состојба да ја решава, како што направи Арсовска, рече Мицкоски во емисијата „360“.

Според него, Арсовска во моментов може да направи само три работи.

-Да дозаврши нешто почнато од нејзиниот претходник, да ја подобри хигиената на градот, гледаме се чистат депонии и улици и да се подготви за следната сезона со проектирање проекти. Само сметам дека требаше можеби повеќе да искомуницираме за тоа што беше оставено од претходно во градот и што недостига, појасни Мицкоски.