Мицкоски: Економијата тоне, а народот е осиромашен

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Работата дојде до таму Заев да држи лекции по економија, реагира лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и се понуди како професор да му одржи лекција на премиерот. Ваквата реакција доаѓа откако Заев во интервју за МИА рече дека за некој делови од економијата Мицкоски не се снаоѓа најдобро.

„Господине Заев бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на „Ваанто, Сашeто и она зад Мирчо Свињарнико“, неспособност, незнаење и владеење со страв, сега јас како професор со повеќегодишно искуство да Ви ја кажам мојата, онаа вистинска, која ја споделува целата јавност, економијата тоне, а народот е осиромашен“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Заев во интервју за МИА: Знаеме кому ќе се заблагодариме во Владата