„Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваме протестите кои во крајна цел имаат правда, односно секој еден да има можност да ја докаже својата невиност“, објави лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.
Според него, луѓето осудени за 27 април за тероризам се неправедно судени, тоа е срам за правосудството.
Мицкоски посочи дека моменталната состојба е што поминаа три месеци од второстепената пресуда, а таа не им е дадена на обвинетите да ја обжалат и да побараат вонреден правен лек пред Врховниот суд.
„Јас не сум ниту судија, ниту обвинител. Ама, ако обвинителката љуби да биде медиумска ѕвезда и да ги брани своите ставови, кои се неодбранливи, треба да биде свесна дека ќе наиде на реакции во јавноста. Не мора да сум јас, може да бидат социјалните медиуми. Сепак, не може ниту прагот на толеранција на политичарот да биде бесконечен“, изјавил Мицкоски неодамна.