Мицкоски: Ги повикувам останатите пратеници да поддржат смена на власта

од Берта Китинска
321 прегледи

Обезбедено  е мнозинство за гласање на недоверба на владата на СДСМ и Зоран Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Тема на денот” на Сител  повикувајќи ги останатите 59 пратеници кои сметаат дека оваа власт води погрешни политики да им се придружат кон оваа иницијатива.

-Сите оние пратеници кои што веруваат дека оваа катастрофа која што ја предводи денес СДСМ и Зоран Заев е се добредојдени да се придружат на оваа иницијатива која што ја започнавме за прогласување односно изгласување на недоверба на владата, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не е коректно од страна на Заев да се обидува да го користи преспанскиот договор како своја лична заштита и да продолжува со криминалите, бидејќи и ЕУ, а и граѓаните на Република Македонија се уверија дека Зоран Заев само ветуваше и лажеше, а не исполни ништо од условите за ЕУ.

-Неколку години наназад се обраќа кон јавноста користејќи ја придавката, иако е свесен дека со тоа задира во чувствата на граѓаните, по цена да се додвори кај соседните земји. Јас тоа нема да го правам, бидејќи сум доволно свесен за манипулацијата во врска со придавката и нејзината примена, додаде Мицкоски.