Мицкоски: Го дадов мојот потпис против фалсификат попис

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на штанд во Т.Ц. Лептокарија го даде својот потпис против, како што вели, „фалсификат попис“

„Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката“, посочи Мицкоски.

Портпарлот на партијата, Димитар Арсовски, пак тврди дека во рок од 45 минути, откако почна ВМРО-ДПМНЕ да собирам потписи за „вистински и европски попис“, неговиот број, каде што ја дадл поддршка за оваа иницијатива, бил 7.255 по ред.

„Редиците сеуште се големи, а граѓаните немаат проблем да чекаат за да се потпишат и да дадат поддршка и бројката во првиот ден да биде многу поголема“, вели портпаролот на опозициската партија.