Мицкоски: Го поздравувам чекорот на СДСМ за поддршка на Резолуцијата

од Берта Китинска
158 прегледи

Го поздравувам чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието. Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги обединува сите општествени и политички фактори и да биде носечкиот столб за заштита на националното ткиво и стратешки цели на Македонија.

Покажуваме дека обединети сме посилни.Се заблагодарувам на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА за својот придонес со создавање на текстот на оваа резолуција.Се заблагодарувам на сите политички партии, и од опозицијата и од владејачкото мнозинство кои беа спремни да ја поддржат Резолуцијата или беа спремни на разговор со нас за истата.

Се надевам дека денешната изјава од СДСМ е искрена и се базира на сериозните аргументи кои ги понудивме.

Доколку СДСМ не постапат според денес кажаното или доколку се обидат низ процедурални собраниски трикови да го закочат носењето на оваа Резолуција, тогаш ќе направат штета за Македонија.Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија.Македонија има повеќе ум и мудрост од сѐ што видовме досега, напиша Мицкоски.