„Сакам да се заблагодарам на сите оние наши сограѓани кои што изминатите денови беа со нас, протестирајќи на улиците, булеварите, раскрсниците против погрешните и анационални политики на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев“, изјави денеска во своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Да застанеме на патот на поразите, неуспесите, лагата и криминалот. Важно е во овој момент да застанеме на патот на неправдата, затоа ни е потребно обединување, да престане трговијата со идентитетот, да престане трговијата со посебноста, историјата, обичаите, традицијата. Да престане трговијата со правата на нашите Македонци кај нашиот источен сосед и кај нашите соседи воопшто. Затоа ајде сите да се обединиме против сето ова што денеска ни се случува, потребна е оставка на Заев за слобода на народот“, изјави тој меѓу другото во своето обраќање.