Мицкоски: Градоначалникот на Кавадарци работеше против ВМРО-ДПМНЕ на овие избори

од Nikola Popovski
304 прегледи

„Немавме никаква помош од локалната самоуправа на овие избори. Од 5-те градоначалници што ги имаме дури еден континуирано работеше против партијата, а тоа се однесува на градоначалникот на Кавадарци“, изјави Христијан Мицкоски за емисијата „Што не е јасно“.

Тој вели дека партијата влегла во многу лоши избори, кои не биле фер и демократски, но одбрале да молчат и витешки да се борат.

„Чувствувам одговорност, но не поднесувам оставка. На тој начин најсреќни би биле само мојот политички противник и една мала група која сака да направи преврат во ВМРО-ДПМНЕ“, смета Мицкоски.