Мицкоски: Граѓаните имаат право да избере дали ќе се попишат

од Берта Китинска
279 прегледи

Ги повикуваме и другите политички субјекти кои што се дел од Парламентот, а кои ценат дека пописот не е статистичка туку политичка операција да застанат позади таа иницијатива, изјави лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска во интервју за ТВ Алфа.

Тој рече дека најпрвин пратеничката група ќе ги депонира своите потписи, но ги повика и сите оние кои сметаат дека оваа операција е политичка, а не статистичка да се потпишат на иницијативата.

– Ги повикуваме и другите политички субјекти кои што се дел од Парламентот, а кои ценат дека ова не е статистичка туку политичка операција да застанат позади таа иницијатива, нема  да ја депонираме до претседателот на Собрание, туку преку подрачните единици на Министерството за правда ќе отпочнеме операција на собирање потписи на граѓани со коишто очекуваме масовна поддршка и со коишто очекуваме да биде засилена оваа иницијатива на пратениците, рече Мицкоски.

Според него, секој граѓанин има право на избор, и тие кои ќе одлучат да апстинираат, и тие кои ќе одлучат нормално да го отворат својот дом и да ги поканат внатре попишувачите кои ќе дојдат пред нивната врата.

„Тоа е избор на граѓаните“, додаде Мицкоски.

Слични содржини