Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека доколку Бугарите бараат промена на македонскиот Устав, тогаш и тие тоа да го направат истото.
-Со соседите ќе имаме отворени односи и ние секогаш сме за добри односи со соседите, но секако бараме и ресипроцитет, ако ние треба да ја заслужиме почитта на соседите и тие ќе треба да ја заслужат нашата почит. Свесни сме за радикалните структури на политичката сцена кај дел од нашите соседи кои што го користат и го злоупотребуваат национализмот имаат многу негативна и на моменти хефемонистичка реторика кон Македонија и тука ние се повикуваме на правото на реципроцитет. Затоа што, како се вели, за љубов се потребни двајца, рече Мицкоски во интервју за МРТ.
Мицкоски смета дека не може Македонија да биде заложник на хегемонистички барања на Бугарија, повикувајќи наместо за тоа да се зборува за образование, економија.