Мицкоски: И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош

од Берта Китинска
246 прегледи

Откако денеска на бугарската национална агенција БГНЕС осамна наслов дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е оженет за Бугарка, Христијан Мицкоски се огласи преку својот Фејсбук профил:

-И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси.Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту “браќата и пријателите” на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана, напиша Мицкоски.