Мицкоски: Илјадици граѓани на Македонија го ставија потписот против фалсификат пописот

од Берта Китинска
207 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави за големата заинтересираност кај граѓаните  за давање потпис со кој ќе го искажат револтот за престојниот попис на населението.

-Илјадници граѓани од Битола, Охрид, Ресен и другите општини од југозападна Македонија го ставија својот потпис против фалсификат пописот на Заев. Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот, пишува Мицкоски.