Мицкоски има различни гледишта со Јакимовски: „Нека ме побара ќе зборуваме“

од Nikola Popovski
383 прегледи

Нема да го коментирам делот дали ни се нарушени односите. Можам само да кажам дека за одредени теми имаме различни гледишта. Јас имам свои аргументи. Јас сум секогаш подготвен за дискусија, да разговараме, стојам на располагање, зошто така ги квалификувал нашите односи. Нека ме побара, слободно ќе позборуваме. Што се однесува на локално и централно ниво, ние функционираме како коалициски партнери. И тука во Гази Баба имаме советник од ГРОМ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање дали имаат нарушени односи со лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.

Вчера Јакимовски истакна дека односите со првиот човек на опозицијата не функционираат најдобро.

-Тие што се мои обврски како коалиционен договор во Карпош се исполнети во целост, но коалициските договори во Скопје и во Македонија и обврските на ВМРО ДПМНЕ се „чиста нула“, изјави Јакимовски во гостување на една емисија.

Тој нагласи дека „ГРОМ не е партија на потрчковци“.

Слични содржини