Мицкоски: Ќе ја поддржиме интерпелацијата за Оливер Спасовски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со здравствените работници на медиумите посочи дека секако ќе ја поддржи интерпелацијата поднесена за Оливер Спасовски од коалицијата Алтернатива и Алијанса.

„Апсолутно да. Човекот е најголемиот заштитник на оваа крими-коалиција која што владее со Македонија во изминативе години. Имаме свои аргументи зошто ќе ја поддржиме оваа интерпелација поднесена од коалицијата Алтернатива и Алијанса, се надеваме на исцрпна дебата, се надеваме на мнозинство во Парламентот со што ќе му изгласаме недоверба на најнеуспешниот министер за внатрешни работи, човекот кој што не му избега некој џебчија, сето останато кое што нешто значеше во делот на криминалот во државата му избега и којзнае каде се наоѓаат по Европа“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека има многу афери околу Оливер Спасовски, оваа последната не е единствена афера. Дел од тие афери јавноста ќе има можност деновите кои што следат да ги слушне и види.

loading...

Слични содржини