Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментираше отстранувањето на премиерот Димитар Ковачевски од заедничката фотографија со бугарскиот шеф на владата Кирил Петков и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
-Разликата во Ковачевски и Заев е тоа што актуелниот премиер го гледаме дека се слика, но барем Заев го имаше на слики. Овој гледам дека го отстрануваат. Тоа е вистината, но тоа е најмал проблем. изјави Мицкоски на регионалниот отчет 100 дена локална власт.
Ковачевски верува дека е направен ненамерен пропуст.
-Веќе имаше вчера изјава од прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст. Јас и премиерот Петков со нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и сакам да верувам дека одговорот кој што е даден од бугарската страна е тој кој што е вистинскиот, рече Ковачевски во изјава за медиумите.
И Петков се огласи на својот Фејсбк по рекациите поврзани за фотографијата.
-Замислете како граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет. Двете земји треба активно да придонесат за развој на заеднички компании, да имаме растечки економии, да имаме заеднички детски кампови, концерти, едукативни програми, да нема дискриминација и говор на омраза, да се градат автопати, да имаме модерни железнички линии. За многумина овие зборови звучат како сон, други провоцираат за да не се случи, трети не сакаат стабилност на Балканот. Јас и Димитар веруваме дека тоа е возможно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме заедно да го постигнеме тоа. На сите злонамерни страни можам само да им кажам: нема да нè спречите!, напиша Петков на социјалните мрежи.