Мицкоски: Македонија е единствена во светот со толку многу терористи во затвор

од Nikola Popovski
233 прегледи

„Не треба да се коментираат изјави од Заев и таквите се со помало значење во Македонија. Јас како човек поддржувам безусловна борба за правда и безусловна борба против неправдата“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање по повод 4-годишнината од крвавиот 27-април 2017 година.

Тој наведува дека не поддржуваат насилство.

„Со пресудите за осудените за тероризам од 27-ми април, Македонија е единствената држава во светот со толку терористи во затвор. Кога ќе видите подобро, ќе сфатите дека судијата кој што ги изрече овие казни е судија кој како да полагаше усмен испит пред да стане уставен судија“, изјави Мицкоски.