„Да за попис, но не за ваков попис во епидемиолошка ситуација кога 30 луѓе, еве денеска прочитав се починати или над 1.200 заразени“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вестите на Сител.
Според него, дури и поместување на локалните избори нема да значи ништо ако тоа се направи со цел да се имунизираат теренските попишувачи.
-Првиот момент кога ќе имаме имунизирани попишувачи каде што здравјето на граѓаните нема да биде загрозено и нема да постои опасност дека попишувачите можат да шират пандемија, да, ние сме тие кои што ќе го поддржат пописот. Ние имаме принципиелен став: „Да за попис, но не за ваков попис во епидемиолошка ситуација кога 30 луѓе, еве денеска прочитав се починати или над 1.200 заразени“, рече Мицкоски.
Прашан што неговата партија ќе направи доколку пописот не се одложи и доколку попишувачите не се вакциниран, Мицкоски не одговори конкретно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира пописот.
-Граѓаните не смеат да бидат заложници на политичкиот договор Заев-Ахмети. Јас го избирам здравјето на сметка на политичкиот договор Заев-Ахмети. И упатувам апел до граѓаните да го изберат здравјето на сметка на политичкиот договор Заев-Ахмети, појаснувајќи дека здравјето се бира на начин што дома би примиле попишувач кој е имунизиран.
Прашан што би направил доколку на неговата врата се појави невакциниран попишувач Мицкоски одговори:
„На памет не ми доаѓа да разговарам со неимунизиран попишувач“.Сепак, тоа за него не е бојкот, туку избор за живот.