Во Карпош денеска ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45.000 денари, и како до легализирање односно до формализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред промоцијата на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе“.
Според него, наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, треба да гледаме да бидеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со криптовалути.
-Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот, најави Мицкоски.