411
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по завршувањето на гласањето.
-Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!, напиша тој на Фејсбук.
Во текот на ноќва се очекува и обраќање на Мицкоски од главниот штаб на партијата.