Мицкоски не го поддржува Законот за лични карти: „Јас сум Македонец“

од Nikola Popovski
201 прегледи

Во однос на измените кои ги предлага политичката партија БЕСА во личните карти, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека во неговата лична карта треба да стои неговата македонска нација, и не гледа гледа ништо лошо и ништо спротивно во тоа што граѓаните се идентификуваат по род македонски и сакаат во нивни документи да стои дека се Македонци.

„Јас сакам во мојата лична карта да стои мојата нација, македонската нација бидејќи јас сум Македонец и тука не гледам ништо лошо и ништо спротивно од тоа што граѓаните се идентификуваат по род македонски и сакаат во нивни документи да стои дека се Македонци“, рече Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа етничка определба во личните карти, под услов придавката „северна“ да не стои во нив, рече дека дефинитивно треба да се поддржи етничката определба заради тоа што сме мултиетничка држава.

„Сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот. Дефинитивно треба да се поддржат вакви работи затоа што сме мултиетничка држава“, одговори премиерот Зоран Заев на прес-конференција

Слични содржини