Мицкоски: Не сакаме да играме на ниски страсти и да вадиме сметки од кафеани

од Nikola Popovski
188 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа зборуваше и за неговите односи со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и дали имаат соработка после одржувањето на локалните избори.

-Арсовска наследи многу проблеми од претходната власт, а за дел од нив ќе зборуваме и во јавноста. Нашата соработка е принципиелна, рече Мицкоски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Мицкоски смета дека „ако било добро, немаше народот да ја гледа Арсовска“.

-Не сакаме да играме на ниски страсти и да практикуваме ниски игри. Не сакаме да играме на таа карта и да вадиме сметки од кафеани. Поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров има испиено едно езеро алкохол и изедено едно трло животни, вели Мицкоски, додавајќи дека градот Скопје не може да вложува повеќе од 1,5 милиони евра за проектот БРТ, па затоа е стопирана постапката.