Мицкоски: Не сме против примена на јазиците на етничките заедници, но треба да се почитуваат Уставот и законите

од Vladimir Zorba

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Охрид изјави дека усвојувањето на Законот за јазиците има многу недостатоци и што како што рече, не доликува на демократска земја што се стреми да биде дел од европското семејство.

-Ние како политичка партија вчера поднесовме кривични пријави против луѓето кои се сочуесници во ова злодело и насилство врз Уставот и законите, и парламентарните процедури. За жал се случи професорот Јове Кекеноски поднесе претставка пред Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за јазиците. Доколку се суди согласно правото во оваа држава, овој закон треба да биде отфрлен, рече Мицкоски.

Тој рече дека партијата не е против примена на јазиците на етничките заедници во Република Македонија, но тоа мора да биде направено согласно законот и Уставот и во процедура во која ќе бидат испочитувани и Уставот и законите.

Мицкоски присуствуваше на осветувањето на водите на Охридското Езеро во негово лично име и во име на партијата на Синодот на пресветото монаштво на МПЦ, на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Богојавление  – Водици, посакувајќи им успеси, насмевки за нив и нивните семејства.

Слични содржини