Мицкоски нема против воведувањето на графа за етничка припадност во личните карти

268 прегледи

Лидерот на опозициската  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема ништо против да се воведе етничка графа во личните карти.

„Не гледам проблем во тоа, на личната карта да стои дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои од страна му служат на Зоран Заев, кои се обидуваат да го спречат тоа. Јас навистина не гледам проблем зошто во мојата лична карта не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец“, посочи Мицкоски.

Како што посочува има такви кои ова сакаат да го сменат, а ним претходно им сметал македонскиот јазик, Македонија и АСНОМ.

„Не им пречи да ја крадат и да ја пљачкаат сопствената земја. Затоа јас навистина не гледам што е тука спорно, ако во графата националност, нели бетон беше идентитетот, стои мојата етничка припадност дека ја сум Македонец. И инсистирам тоа да стои“, додаде Мицкоски.

Слични содржини