Мицкоски: Непријатно ми е јас да барам помош за вакцини од Орбан и Јанша во име на државата

од Nikola Popovski
246 прегледи

„Би се вакцинирал веднаш ако дојдат вакцините, немам никакви преференци. Со секоја вакцина која ќе дојде во државата“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, ние веќе скоро имаме колективен имунитет и ако вакцините дојдат за 3-4 месеци, тогаш не ни се потребни.

„Непријатно ми беше да разговарам со Орбан и Јанша за помош со вакцини во име на државата. Си имаме ние премиер и министер и тие треба да разговараат, да упатат официјално барање доколку сакаат“, вели Мицкоски на прашањето дали побарал помош од унгарскиот и словенечкиот премиер за да ни донираат одредена количина на вакцини.