Мицкоски: Ние нема да ветуваме многу, но тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме

од Берта Китинска
148 прегледи

Државата со оваа власт тоне во криминал и корупција и токму затоа ова се избори кои одлучуваат за нашата иднина, дали ќе дозволиме да живееме во ваква држава или ќе се избориме за нова, подобра и поуспешна иднина, на проекти и победи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Демир Капија.

-Ние нема да ветуваме многу, но тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме. Нам ни треба нова иднина, и знам дека ние ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори и потоа по формирањето на ново парламентарно мнозинство ќе бидеме тие кои ќе ја креираат таа нова иднина, која ќе биде поразлична и поуспешна од ова секојдневие кое сега го живееме – истакна Мицкоски.

Слични содржини