Доне Сарамандов е новото лице кое ќе донесе промени во Гевгелија. Знам колку вреден и чесен човек е. Тој има план и визија за развој и ќе донесе решенија на многу проблеми, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го претстави кандидатот за градоначалник на неговата партија.
Според него, на овие избори граѓаните одбираат помеѓу оние кои прават поделби и оние кои работат за сите луѓе.
– Ќе излезе некој огромен скандал, а такви имаме на дневна основа. Било да се провизии за вакцини, лажни пасоши, некој директор фатен со туце пари или нешто слично. Тука се гласноговорниците на власта, да потсетат и набедат дека тоа не било толку лошо, затоа што се правело и порано, а тоа што било порано како по дефиниција го опишуваат како најлошо. Но не им верувајте. Тоа е рецептот да си помислите, а и вие самите да се убедите дека сите се исто зло се сите. Да ви кажам, не сум ниту судија, ниту полицаец, и народот добро споредува и оценува кој што правел, но знам дека на сцена имаме нова генерација на политичари во ВМРО која ќе го победи овој режим од власт, и оваа стагнација и апатија и песимизам, рекол Мицкоски пред присутните и додал:
-И да ви кажам уште една работа, можат да проговараат за многу работи, но на ВМРО за денес, или било кога порано не може да му проговараат за една работа, а тоа е дека сме способни, подготвени и работливи. Помножено сто пати повеќе во однос на оваа неспособна власт која што денеска пустоши во Македонија и овде во Гевгелија, и она што ВМРО-ДПМНЕ како проект ќе го осмисли, науми, тоа и ќе го реализира. Никогаш не се плашиме од работа, заклучил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.