Мицкоски: Низа нерегуларности на изборите во Штип, но нема правично обвинителство во кое би можеле да поднесеме жалба

223 прегледи

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски, одговори на новинарско прашање врзано за вчерашните локални избори во Штип, на кои ВМРО ДПМНЕ одлучи да не учествува, како и тоа дали го смета да добар потег новото задолжување од 36 милиони евра, од кои за раздолжување беа издвоени, 26 милиони евра.

„Ставот за учеството на изборите го кажавме многу оддамна. Но, морам да кажам дека вчерашните беа само продлабочување на талибанските и мафијашки избори од 15. јули. Видовме дека беа носени граѓани да гласаат. Фактот е дека е двојно помала излезеноста“, посочи Мицкоски.

„Се разбира дека не го одобруваме новото задолжување, иако ден претходно се дадоа десетици милиони евра по општини. Продолжуваат со лошите политики, а единствениот начин да се застане на патот, е нови избори“, додаде тој.

Слични содржини