Мицкоски: Новинарите да го прашаат Петков на кој народ му припаѓа Гоце Делчев

од Nikola Popovski
374 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги охрабри новинарите утре на бугарскиот премиер Кирил Петков да му постават три прашања.

-Првото, чиј е Гоце Делчев, на кој народ му припаѓа, второто кој го кренал Илинденското востание и третото, зошто инсистираат македонскиот јазик да биде согласно Уставот, а не само македонски јазик. Овие три прашања ако ги одговори правилно, тогаш навистина мислам дека тоа што го кажува бугарскиот премиер, тоа и го мисли и тогаш можеме веднаш да ги започнеме преговорите со ЕУ, вели Мицкоски во емисијата „24 анализа“.

Според Мицкоски, реториката на Петков е иста како онаа на поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

-Ако новинарите не ги постават овие прашања, јас ќе му ги поставам. Ќе имаме тет-а-тет средба. Ќе му поставам уште некои други прашања и ќе му ги кажам позициите на ВМРО-ДПМНЕ, информира Мицкоски.

Слични содржини